Гевгелија: Конкурси за култура и спорт

98

Во тек се Конкурсите на Општина Гевгелија за финансирање проекти и програми од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2022 година и за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од значење на општина Гевгелија за 2022 година. На Конкурсот за финансирање проекти на култура имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други физички и правни лица, регистрирани во државата за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи. Додека, на Конкурсот за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на
спортот имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани во државата за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Конкурсите траат до 18 декември, 2021 година. Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнаки: „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2022 година“ и „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2022 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (vорд документ) на следнава е-маил адреса: [email protected]
Резултатите од Конкурсите ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2022 година и Програма за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на општина Гевгелија за 2022 година, кои ги носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе бидат објавени во Службен гласник и на веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации за Конкурсите можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на веб-страната на Општина Гевгелија во делот Соопштенија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.