ГЕВГЕЛИЈА : “Младинско учество- предизвик за развој на заедницата”

110

На 30 ноември, 2021 година, во Народниот театар Гевгелија, со почеток во 11 часот, ќе биде одржана јавна
расправа на тема „Младинско учество- предизвик за развојот на заедницата“. Целта на јавната расправа е учесниците да бидат информирани и запознаени со потребата и примената на Законот за младинско учество и младински политики, како и за можностите што ги нуди овој закон за активно учество на младите во развојот на локалната демократија.
Настанот е во организација на Центар за поддршка на НВО- Гевгелија, во соработка со Меѓународната фондација за
изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет (НМСМ)Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.