ГЕВГЕЛИЈА: Собрани 79 единици крв !

20

25.02.2023

Деновиве се одржа втора по ред, крводарителска акција на ОО Црвен крст- Гевгелија и хотел-казино „Фламинго“- Гевгелија, во периодот од 10 до 16 часот беа собрани 79 единици крв.
Организаторите во соработка со Институтот за трансфузиона медицина им се заблагодарија на вработените во хотел-казиното „Фламинго“ и граѓаните на општина Гевгелија за крводарувањето, покажувајќи ја својата хуманост за спасување на нечиј живот и придонесот за успешната крводарителска акција. Имено, оваа крводарителска акција врз основа на соработката помеѓу двата партнери има за цел да ја продолжи традицијата, со можност за одржување на ист датум, односно 23 февруари во следните години.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.