„Ајде да трчаме заедно во Гевгелија“

47

Под слоганот „Ајде да трчаме заедно во Гевгелија“, на Општинскиот празник- Ослободувањето на Гевгелија, 7 Ноември,
во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, ќе биде одржана атлетската трка „November Run Gevgelija 2021“.
Како што истакна претседателот на Клубот, Игор Коцевски, трката November run Gevgelija 2021 е организирана според
правилата на IAAF, Атлетската федерација на Р.С. Македонија и согласно законските важечки прописи.
Предвидени се две трки, на 5 и 10 километри и една рекреативна детска трка на 1 километар.
Патеката за трката November run Gevgelija 2021 е кружна, односно
пријавените учесници на трката на 5 километри ќе трчаат еден
круг, додека учесниците на 10 километри ќе трчаат 2 круга.
Стартот и целта на патеката е на улицата „7 Ноември“ во центарот на Гевгелија во близина на Народниот театар, со придржување до сите здравствени протоколи.
Пријавувањето за учество на трката е веќе започнато, а учесниците може да се пријавуваат на
https://runnerspot.com/event/Gevgelija?
fbclid=IwAR1eMxSE8UIHg8vS_
9Q0VpUSy6tZPpwlqXQy0V_TbYwbS62w8-qMe-O7dKA .
Рокот за пријавување е 27.10.2021 и трае заклучно со 01.10.2021 година,
Цената за учество на трката на 10 километри изнесува 700 денари, а на 5 километри 600 денари. За возврат, секој учесник ќе добие финишер медал, маичка, фотографии и подароци од спонзори, додека за најдобрите тројца на десет километри, освен пехар, следува и парична награда.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.