Богородица добива општествено- корисен објект

26
 Во населеното место Богородица, започнаа градежните активности за реконструкција на старата кафеана „Винојуг“. По изборот на изведувачот и склучениот договор со градежна фирма,
веќе во тек е воведувањето во градежно занаетчиските работи за реновирање на внатрешниот простор и надворешниот дел на стариот објект, при што градоначалникот на општина Гевгелија
изврши увид во истите. Имено, истакна дека ставањето во повторна функција, но како општествено- корисен објект, е од
големо значење за богородичани бидејќи во минатото било место каде се собирале жителите од цело село.
Реконструкцијата и реновирањето на старата кафана „Винојуг“ во населеното место Богородица чини 3.528.000 денари,
средства издвоени од Буџетот на Општина Гевгелија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.