ЦВЕТНИЦИ 2023: Доделени пет Цветинови награди за мир

194
Скопје, 9.04.2023 година
Во препознатлив манир, на неформален начин но со богата целодневна програма, уметникот Живко Поповски- Цветин денеска додели пет Цветинови награди за мир- на Клубот “Лајонс Вардар”, на Машинскиот Факултет и на ФЕИТ, а со награди ги овенча и познатиот актер Благоја Чоревски- Чоре и драматургот и професор Гоце Ристовски.
Првиот дел од доделувањето се случи во дворот на факултетите, во таканаречениот Парк на лајонизмот, каде наградите ги примија Деканот на Факултетот за елекротехника и информатички технологии, продеканот на Машински факултет Проф. д-р Роберт Миновски, како и претседателот на Лајонс клубот “Вардар” проф. д-р Влатко Стоилков.
Цветин се заблагодари за континуираната соработка, особено за време на цртањето на 1001 цветна лента, со која конкурираше за Гинисовите рекорди, а беше работена со поддршка на овие факултети, како и на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Таму беа засадени и цвеќиња, во чест на празникот Цветници. Поетите Горан Анчевски и Оливера Јовановска рецитираат свои стихови посветени на Цветин, додека шаховскиот шампион Димитар Илиевски прочита поезија од Мендо Димовски.

Делегацијата потоа  ја посети и клупата на Горан Стефановски во Дебар маало, каде повторно одекна поетска реч и поставија цветна лента во знак на почит кон великанот.
Вториот дел од програмата се одржа во кафуле во трговскиот центар Бисер.

 

 

 

За значењето на актерот Чоревски зборуваа професор д-р Ванѓа Радевска, поетот Анчевски, а Цветин свечено им ги додели заслужените награди, за нивниот целокупен придонес во неговата мироносна активност.

 

 

Во таа пригода познатиот драматург Ристовски, примајќи ја наградата, одржа беседа за нашиот славен уметник.

Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008.
Чоревски е добитник е на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија:

Златен ловоров венец на Малите и експерименталните сцени во Сараево во 1976 година,
Стериината награда во Нови Сад во 1979 година,
Награда за најдобра епизодна улога на Стерииното позорје,
Награда за најдобро глумечко остварување на Игрите „Војдан Чарнодрински“,
Најпопуларно ТВ лице според анкетата на весникот „Вечер“,
Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкетата на ревијата „Екран“ во 1984 година.
Лауреат и на Највисокото опшстествено признание на Република Македонија, Наградата „11 октомври“.
Награда Климент Охридски 2004 година
„Златна маска“ што весникот „Вечер“ ја доделува во рамките на „Охридско лето“ во 2007
Награда „Петре Прличко“ во 2009 година
Награда за животно дело Војдан Чернодрински во 2015 година
Награда Свети Јоаким Осоковски во 2018 година
Награда Ристо Шишков во 2018 година
Награда Васил Иљоски во 2022 година

***

Гоце Ристовски живее и работи во Скопје. Работел како новинар во Нова Македонија. Де­кан на Фа­кул­те­тот за те­а­тар­ски умет­нос­ти на Меѓународниот уни­вер­зи­те­т Еуропа прима. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Со­ју­зот на ли­те­ра­тур­ни пре­ве­ду­ва­чи на Ма­ке­до­нија, на Бал­кан­ска­та мре­жа за кул­ту­ра и кул­ту­ро­лош­ки сту­дии, на Здру­же­ни­е­то на но­ви­на­ри­те на Ма­ке­до­нија, на Свет­ска­та асо­ци­ја­ци­ја на те­а­тар­ски кри­ти­чари.

Не­го­ви тек­стови, ли­те­ра­тур­ни и те­а­тар­ски при­ло­зи и кри­ти­ки и на­уч­ни сту­дии се об­ја­ву­ва­ни во „Сло­бод­на Дал­ма­ција”- Сп­лит, „Поља”- Заг­реб, „Спи­за­лит”, „Раз­гледи”, „Ма­га­зин 21”,„Млад Бо­рец” „Сцена”, „Те­а­тар­ски глас­ник” и на по­ве­ќе портa­ли во зем­ја­та и стран­ство, а не­го­ви кни­ги се про­да­ва­ат на зна­чај­ни ин­тер­нет про­дав­ни­ци и биб­ли­о­те­ки во САД и Ев­ро­па и се чу­ва­ат во еми­нет­ни свет­ски биб­ли­о­те­ки – Биб­ли­о­те­ка­та во Стејт Де­партмен­тот во САД, На­ци­о­нал­на­та биб­ли­о­те­ка на Франција, На­ци­о­нал­на­та биб­ли­о­те­ка на Пол­ска, На­ци­о­нал­на­та биб­ли­о­те­ка на Австралија, биб­ли­о­те­ка­та на Уни­вер­зи­те­тот во Стен­форд и др. За не­го по­стојат број­ни ре­фе­ренци на Ин­тер­нет, а не­го­ви тек­сто­ви се пре­не­су­ва­ни на мно­гу пор­та­ли и веб стра­ници, пре­ве­ду­ва­ни и на ан­глиски. Бил ана­ли­ти­чар во рам­ки­те на про­ек­тот на УСА­ИД за за­јак­ну­и­ва­ње на ме­ди­у­ми­те во Ма­ке­до­нија, под­гот­ву­вај­ќи кри­тич­ки ана­ли­зи на дис­кур­сот.

Не­го­ва­та дра­ма „9” е пра­из­ве­де­на во 2016 г. на Го­ле­ма­та сце­на во Кул­тур­ни­от цен­тар во Но­ви Сад а преведена е на е на јазици на поранешните југословенски републики, на бугарски и на руски јазик. Македонската премиера беше на крајот на 2021 година.
Во 1999 го­дина ја до­бил Единстве­на­та држав­на наг­ра­да за но­ви­нар­ство и пуб­ли­цис­ти­ка што ја до­де­лу­ва Соб­ра­ни­е­то на Република Ма­ке­до­нија, за мо­ног­ра­фи­ја­та „Шиш­ков”, до­бит­ник е на вто­ра наг­ра­да на кон­кур­сот на „Сту­ден­тски збор” за кра­ток рас­каз, на наг­ра­да­та „Проз­ни мај­с­тори” за ро­ма­нот „Вра­му­ва­ње во пус­те­лија” на кни­го­из­да­тел­ство­то „Фе­никс”, на ме­ѓу­на­род­на­та наг­ра­да Ergo sum за афир­ма­ци­ја и по­пу­ла­ри­за­ци­ја на те­а­тар­ска­та умет­ност, на наг­ра­да­та „Све­ти Јо­а­ким Осо­гов­ски” за осо­бен при­до­нес за ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и те­а­тар, на наградата Скриптфест за филмско сценарио и дру­ги приз­на­нија.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.