Гевгелија: Се бараат асистенти за социјални услуги

70

За воведување на услугата лична асистенција на подрачјата на општините Гевгелија и Богданци, во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, Општина Гевгелија, Општина Богданци и ОО Црвен крст- Гевгелија распишаа Конкурс за пријава на 12 кандидати кои ќе посетуваат тримесечна обука за лични асистенти на лица со попреченост. Согласно склучениот Договор за реализација на добиениот грант, трошоците за следење на обуката ќе бидат покриени со средства од МТСП, а патните трошоци ќе бидат покриени со средства од Општините Гевгелија и Богданци. По завршувањето на обуката, со стекнувањето на државно-признат сертификат, личните асистенти ќе бидат ангажирани за давање на услугата во период од 12 месеци, со надоместок за давање на услугата.
Пријавувањето на кандитатите трае до 6 февруари, 2023 година, во просториите на ОО Црвен крст Гевгелија или со достава на пополнета пријава на е-маилот:
[email protected] . Кандидатите треба да ги исполнат следните критериуми: да се државјани на РСМ, полнолетни (над 18 г.), психо-физички способни, со минимум завршено средно образование и да бидат мотивирани за давање на услугата лична асистенција на лица со попреченост.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.