“Наш град“ со работилница на тема „Јавните простори и улогата на граѓаните и општините во нивното планирање, одржување и трансформација“

199

Утре, 10 ноември 2021 година во Јавна соба Скопје ќе се одржи работилница „Јавните простори и улогата на граѓаните и општините во нивното планирање, одржување и трансформација“. 
Истата ќе ја води архитект Ива Петрунова и ќе има за цел да поттикне размена на идеи и размислувања на теми поврзани со јавните простори во нашето маало и општина, особено да се продискутираат позитивните и негативните примери, како и да се мапираат јавните простори кои имаат потреба од трансформација односно подобрување – игралишта, паркинзи, тротоари, паркови, патеки и сл.
На настанот, поканети се и новоизбраните градоначалници на двете општини како и претставници од секторот урбанизам на двете општини, а освен тоа, на работилницата ќе присуствуваат и претставници на Амбасадата на САД кои ќе ја презентираат накусо програмата за финансирање.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Наш град“, поддржан од Амбасадата на САД.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.