ИОПД- „Тука  сме” бара прием кај министерката на МТСП

56
Exif_JPEG_420
Иницијативниот одбор на пензионерското движење (ИОПД) „Тука  сме“, денес (11.04.2023) одржа состанок на кој беше дефинирано натамошното дејствување на овој субјект за запирање на работата на нелегитимно и незаконски избраните лица во здруженијата на пензионери (ЗП) и Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ).
Поради непостапувањето на водствата на ЗП и СЗПМ по барањата што беа искажани и доставени на неодамнешниот протест на пензионерите пред седиштето на СЗПМ, Иницијативниот одбор ја согледа потребата со факти и аргументи да докаже дека изборите се извршени со манипулации, местенки и крајно непочитување на пропишаните норми, како и докази за ненаменско трошење на пензионерските пари од членарината и
солидарниот фонд за посмртна помош. По тој повод на состанокот беа донесени следните заклучоци:
1. Да се организира средба со министерката за труд и социјална политика на која членови на ИОПД ќе ја запознаат со проблемите и
вистинската состојба во ЗП и СЗПМ, со барање под нејзино покровителство да се организира трибина по овие содржини на која ќе
учествуваат претставници на Иницијативниот одбор, на ФПИОМ, претседателката на СЗПМ, претставници на сите одговорни субјекти за
животот и здравјето на пензионерите и на медиумите.
2. За побрзо надминување на ваквата состојба ИОПД формираше стручен тим за измени и дополнувања на членовите 115, 116 и 117 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на задршките од пензиите на име на солидарниот фонд и членарината.
3. Кај одборот постои целосна согласност за реорганизација на пензионерската организација и нејзино уредување по примерот на афирмирани европски пензионерски асоцијации, со задолжително раздвојување на задршките од пензиите по наведените основи и примена на демократскиот принципи за доброволност.
4. При реоганизацијата на пензионерската асоцијација задолжително да се регулира траењето на мандатите (само еден) и волонтерско извршување на работите и задачите, при што посебна грижа да се обрати
на социјално загрозените категории и поголема заштита на здравјето и стандардот на сите пензионери.
Скопје, 11.04.2023 Иницијативен одбор
на ПД „Тука сме“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.