Италија во срцето на Скопје: Скопјани се сладеа на италијанска паста, пици, сирења, кафе, слатки…

70

Скопје, 14 ноември 2022
Изминатиот викенд, скопјани имаа можност да се почувствуваат како во Италија: вкусна италијанска храна, добра забава, дружење и италијанска музика.
Фестивалот на италијанска храна го отвори Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри, а за доброто расположение се погрижи Сашко Коцев кој до солзи ја насмеа публиката со своите шеги.
Учесниците на Фестивалот, ТАВЕРНА ТОСКАНА, ЛА ТЕРАЦА, БОТТЕГА ДЕЛ ВИНО, ЕУРОЛАБ, ПИЦА ПЛЕЈС, БОТТЕГА ДЕЛ ГУСТО, ЈЕС ПАСТА, ИТА БРЕНД, БИРА МОРЕТИ и МАТТО НАПОЛЕТАНО се претставија со својата најдобра понуда на италијанска храна: паста, пици, сирења и сувомеснати производи, вина, пива, кафе и слатки.
Публиката пееше и танцуваше на заедно со музичките групи БОНА ДЕА и НИКС, кои се претставија со најпознатите италијански евергрини.
Најсреќните 40-тина посетители беа извлечени на лотаријата и добија вредни награди од спонзорите: ЦОИН ЦАСА, БОТТЕГА ДЕЛ ВИНО, ЕУРОЛАБ, ПИЦА ПЛЕЈС,БОТТЕГА ДЕЛ ГУСТО, ЈЕС ПАСТА, ИТА БРЕНД, БИРА МОРЕТИ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.