Како до го донесете светот поблиску – Домот нека биде вашиот свет

649

Покрај постојаните успеси и работа на личен развој, обезбедување на финансиска стабилност , индивидуален просперитет, на крајот од денот сè се сведува на првата и последна, една и единствена вредност која човек може да ја постигне како човек.

A тоа е да има љубов, да има блискост, да има топлина. Да има семејство. Тогаш знае дека ја достигнал најважната смисла на своето постоење.

Да  имаш семејство, значи дека никогаш нема да бидеш осамен. Семејството е она што те прави вистински среќен.  Семејството се оние луѓе кои никогаш нема да ја изневерат твојата доверба. Оние кои секогаш ќе те поддржуваат и истите тие кои веруваат во тебе. Оние кои прославуваат со тебе а се тажни кога и ти си тажен. Семејството е она нешто кое секогаш ти го стоплува срцето и ти  предизвикува насмевка. Затоа почитувајте го едно важно правило :  никогаш не се жалете  дека животот можеби требал да ви даде  подобро семејство. Колку и да  ви изгледаат старомодни и изживеани семејните собири на „задолжителен“ ручек или вечера, секога имајте на ум дека некој не само што нема ни што да јаде туку нема семејство и се би дална светот за еден таков семеен собир или неостварена љубов.
Првите чекори во животот со насмевка

Домот е спокојството, среќата, љубовта , со еден збор домот е светот, тука на дофат на вашите раце и срца. 

И, тука се создаваат најдобрите услови за растење и развој на среќни деца кои подоцна низ животот ќе станат среќни родители а со тоа и среќни луѓе. А само среќни луѓе можат да создадат среќно и корисно, за сите општество.  И додека брзате да станете одлични во својата работа, да заработите многу пари, да го осигурате својот статус …никогаш не заборавајте дека има едно најважно нешто, а тоа е да создадете семејство полно со љубов.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.