Ќе се додели државната награда „Св. Климент Охридски“ на Османи, Урошевиќ, Рамиќевиќ и Јовев

49

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 3.11.2022 година, донесе: ОДЛУКА за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
***
1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на:
– проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.
***
2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– акад. Влада Урошевиќ, писател
Исмет Рамиќевиќ, ликовен уметник.

**
3. Во областа на здравството, наградата му се доделува на:
– проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2022 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“ е академик Газанфер Бајрам

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.