Ќе се развива и Валандово!

49

Под претседателство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во Валандово, се одржа четвртата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седницата, се донесе Одлуката за Финансискиот план за работа
на Центарот за развој на ЈИПР за 2022 година и Акциониот план за 2022 година, за спроведување на Програмата за рамномерен регионален развој на ЈИПР. Покрај овие две точки на дневен ред,
членовите, Градоначалници на општините во ЈИПР, на седницата, ја донесоа и Одлуката за донација на возило Цитроен Ц4 на Општина Босилово, а расправаа и по други тековни прашања.
Инаку, пред почетокот на редовната седница на Советот за развој на ЈИПР, во Валандово, се одржа и Конститутивната
седница на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион. На седницата, се усвои Деловникот за работа на телото и беше избран претседател на Советот за социјална заштита на ЈИПР. Градоначалниците на единиците за локална
самоуправа на ЈИПР и директорите на Центрите за социјална работа во ЈИПР дискутираа за потребата од развивање на
социјални услуги во ЈИПР, видот и начинот на воспоставување на услугите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.