КОНКУРС  за новинарски текст на тема  „Есеј за старо Скопје“

61
SONY DSC
По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за Култура и
Уметност на Скопје во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент распишуваат
КОНКУРС
за новинарски текст на тема
„Есеј за старо Скопје“
со општа насока дека:
Авторските текстови треба да бидат без дневно-политички конотации.
Пристигнатите творби ќе конкурираат за три, непарични награди:
Првата награда –лап топ,
Втората – таблет и
Третата – Андроид телефонски апарат .
Секоја од трите награди мораат задолжително да бидат доделени, меѓу три
од пристигнатите текстови.
Критериуми:
– На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите
(пред се) од Скопје, (но и новинари од медиумите во другите места на
Република Северна Македонија-) кои се ангажирани во новинарството, било
во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен
ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните (ТВ-канали,
радио-станици) и во интернет-медиумите (портали и блогови).
– Текстовите се испраќаат под полно име и презиме (без шифра или
псевдоним) и со контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој
есеистот работи на новинарски задачи, телефон, имејл, придружени кон
неговиот потпис. Сите овие податоци се испишуваат еден под друг, на
крајната лева страна од самиот почеток на текстот.
– Секој автор може да учествува само со по еден текст.
Во рамките на темата „Есеј за старо Скопје“, испратениот текст треба да
содржи и сопствен, специфичен наслов.
– Текстот треба да содржи од 400 до 500 зборови (не) сметајќи ги
растојанијата, во фонт Аriel -12 со македонска поддршка.
– Текстовите на други теми, со дневно-политички потходи и оние кои го
надминуваат спомнатиот обем нема да бидат земени предвид.
– Новинарите од различни етнички припадности, есеите можат да ги испратат
во верзија напишана на својот мајчин јазик (во фонт Аriel -12, со поддршка
на соодветнот јазик) и – во продолжение на истиот фајл – со превод на
македонски.
– Текстовите се ипраќаат на e-mail адресата: [email protected]; и
– Краен рок за испраќање на есеите е 15.11.2022 г.
– За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени веднаш по донесувањето на одлуката на Комисијата на овој конкурс, пред свеченото врачување на трите наградени трудови.
Наградите кои ќе ги изгласа тричлена Комисијата на конкурсот, во рамките
на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ свечено ќе бидат врачени.
Дирекција за култура
и уметност на Скопје
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.