Литературен конкурс на О. О. У. “Круме Кепески”

99

ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:
„Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот“
На литературниот конкурс може да учествуваат ученици од шесто до деветто одделение од општинските основни училишта на територијата на нашата држава.
Комисијата во состав:Филип Димкоски – поет,Татјана Пеливанова – професор по македонски јазик,Валентина Т. Стаматовска – професор по македонски јазик, ќе ги одберат најдобрите литературни творби кои ќе бидат објавени во стихозбирка посветена на Круме Кепески.
Литературните творби (поезија) да се испратат најдоцна до
5.3.2022 на следната електронска адреса: [email protected]
Со литературните творби да се испратат и следните информации:
име и презиме на ученикот/ученичката, одделение, училиште, ментор.
Наградените ученици и нивните ментори ќе добијат дипломи за учество во електронска форма и по еден примерок од стихозбирката.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.