МАЛА УЧИЛНИЦА ПО ГРАДИНАРСТВО-онлајн работилници по градинарство за деца од основното образование

766

На училиште се учат многу важни нешта, но има многу други важни нешта за кои
малку се учи или воопшто не се учи на училиште. Едно од тие важни нешта е да
научиме да си ја произведеме сопствената храна. Токму затоа ја креирав МАЛАТА
УЧИЛНИЦА ПО ГРАДИНАРСТВО.

Работилниците од програмата ќе се одржуваат четири пати во август и истите
работилници ќе се одржат четири пати во септември. Секоја работилница ќе трае 40
минути. Работилниците се спроведуваат преку ZOOМ со користење на ПП
презентации, подготвени специално за оваа работилница од страна на нејзиниот автор.

Прв час-запознавање со слушателите, претставување на работилницата и начинот на
одвивање, почвата како основа за огледување, какви видови почва постојат, дали може и на други супстрати да се одгледува зеленчук. Како да ја создадеме простор и почва за нашата градина? Какви градини постојат? Нашата градина може да биде и на тераса.  Освен почва, и треба и сонце, вода и љубов за успешна градина.

Втор час- час- како се поделени културите, зеленчук, овошје, зачински растенија,
цвеќе. Што успева во Македонија, што би можеле да посадиме во зависност од
просторот и другите услови. Какви се нашите индивидуални можности. Еден или
двајца од уениците даваат личен пример со каков простор располагаат па правиме
распоред што би можеле да садат. Да избереме култури кои не бараат многу нега
бидејќи сме почетници и да избереме да засадиме нешта што сакаме да ги јадеме.

Трет час- препознавање на семето. подоредот и плодосмената како многу важни
принципи во традиционалното и органското производство на храна. Што значи
органско а што значи конвенционално производство. Примери за плодоред и
комбиниран начин на одгледување.

Четврт час- за секој од слушателите правиме градинарски план. Читаме градинарска
песна и си посакуваме градинарска среќа!

Важни информации во врска со работилниците:
1. Се работи во групи со 10-15 ученици
2. Групите ќе бидат поделени според возраста (група со ученици од трето, четврто
и петто одделение и група со ученици од шесто, седмо, осмо и деветто
одделение)
3. За едно дете цената за сите четири часа изнесува 1500 денари.
4. Уплатата се врши, веднаш по пријавувањето или најдоцна пред почетокот на
првиот час.
5. Пријавување на телефон 074/246-005 или на [email protected]

Автор и предавач на работилницата: Филип Димкоски, дипломиран земјоделски
инженер во насоката градинарство и цвеќарство, поет, новинар и едукатор за 2020 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.