Меѓународна конференција „Креирај го твоето место за растење“

75

Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП Скопје), во соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе одржи Меѓународна конференција „Креирај го твоето место за растење“ . Овој настан ќе ги нагласи ефикасните заеднички напори за доброто на децата на локално ниво.

Конференцијата ќе се одржи на 25 октомври 2023 година, во Хотел Холидеј Ин, ул. Филип Втори Македонски 5, Скопје.

Конференцијата, водена и модерирана од деца и млади, ќе ја отворат Мари-Мадлин Канелопулу, раководителка на секторот за економски прашања, градење институции и прекугранична соработка во Делегацијата на ЕУ и Кристина Василеска Директорка на Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје.

На клучната сесија на Меѓународната Конференцијата стручните лица и претставниците од канцелариите на УНИЦЕФ од Австрија и Грција, општина Катерини од Грција, општина Крефелд од Германија, кои имаат практично искуство во локалното планирање за децата, ќе зборуваат за Иницијативата на УНИЦЕФ за градови пријателски за децата (Child-friendly Cities Initiative) во нивните земји и ќе ја споделат праксата на водечките локални власти во Европската унија кои се посветени на децата.

Свое обраќање ќе имаат и претставничката на УНИЦЕФ во Р. С. Македонија, Патриција Ди Џовани, Драги Змијанац, претседател на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски, Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, Димитар Георгиев, средношколец во СУГС Георги Димитров и Ангелка Кескинова, доцент при Институтот за семејни студии на Филозофски факултет.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Место за растење – Општини посветени на децата“, финансиран од Европската Унија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.