Отворен натпреварот „Зелени идеи 2024“

7

26.03.2024

 

АРНО со радост споделува дека годинава го слави јубилејното 10.издание на менаџирање на натпреварот „Зелени идеи“ и ги кани сите оние кои имаат или само идеја за зелен социјален бизнис, или постоечка иницијатива, да се пријават на натпреварот кој е отворен до 6-ти мај. Целосната пријава и повеќе информации може да се најдат на www.zeleniidei.mk. За поддршка во аплицирањето граѓаните можат да се пријават за учество на бесплатни онлајн работилници и работилници во живо.

Промотивниот настан со кој се лансираше новиот повик се одржа во Europe House Скопје со учество на Мирјана Јосифоска- регионална победничка од минатата година, носителка на зелен бизнис за производство на шапки и стегачи од текстилни остатоци), Ирина Тошева -национална победничка на натпреварот и обучувачка на престојните работилници, Снежана Јанковиќ од Сојуз на извидници на Македонија- претставничка на најголемата интерактивна иницијатива за пошумување на опожарени подрачја- Боренка. На настанот имаше и онлјан вклучување од Црна Гора на Санда Ракочевиќ од Адп-Ѕид кои се координатори на регионалниот проектот EICEE каде АРНО е македонскиот партнер.

Настанот го отвори Ирина Јаневска од АРНО со презентирање на 10-те регионални македонски победници од изминатите 10 години и вовед во новите концепти на зелена економија.

„Ние сме благодарни што сме во оваа улога 10 години, и многу се радуваме што Македонија има 10 регионални награди. Со овој натпревар освен што носиме финансии во државата, носиме и знаење, ете и за новите концепти на зелена социјална економија (Теорија на крофна економија, регенеративна економијa и сл), а носиме и култура на транспарентност и соработка. Многу труд и љубов вложуваме во целиот процес, а и во сѐ што правиме со АРНО, 10 години, колку што постоиме.“ изјави Ирина Јаневска- претседателка на АРНО.

На настанот присутните играа квиз на знаење и имаа шанса да освојат шапка и стегачи од брендот „Мирјана Јосифоска“ и „Боренки“ преку кои ќе се сади дрво во нивно име. Онлајн говорничката Санда Раковиќ го претстави проектот „EICEE-Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан“ кој е поддржан од Европска Унија, и во рамки на кој до крајот на месецот ќе се објави повик за грантова поддршка за развој на циркуларна економија.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи на Западен Балкан. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат во 2 категории за награди во висина од 5.000 или 10.000 долари .Здружението за социјални иновации „АРНО“, 10-та година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“ и се гордее што досега земјата има 10 регионални победници и вкупна инвестиција од 95 000 долари за развој на зелени бизниси во земјата: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015), инцијативата за репарирање на стар мебел „СПИН“ (2016), платформата „Храна за сите“ (2017 година), едукација преку илузионистички еко-пораки „Грин меџик продакшн“ (2017), „ Био смарт ориз“ одржливо производство на ориз (2019), „Challenger“ мобилна апликација која ги наградува граѓаните за одење пеш (2019), „Вајс адитив“ производство на прехранбен адитив од комиње (2020), „О- круг“ производство на ароматизери и масла од отпадни кори од портокал (2021), Ве Дог Фуд (2022) прозиводство на протеинска искрана од инсекти и Мирјана Јосифоска (2023) шапки и модни додатоци направени од текстилни остатоци.

***

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор- Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.