Ново за деца: Книгата “Езерото ми раскажува”

56
Охрид, 2.04.2023
 
Утре, промоција на книгата за деца „Езерото ми раскажува“од Марина Шикова Димовска.
Во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс  Кристијан Андерсон, (роден на 2 Април 1805) од 1967 година 2 Април се слави како Светскиот ден на литературата за деца.
По тој повод, утре 3 април од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  ќе биде промовирана книгата за деца „Езерото ми раскажува“ од роднокрајната
авторка Марина Шикова Димовска. 
Книгата содржи 14 куси раскази а авторката Шикова Димовска во предговорот ќе 
рече: „На овие страници запишани се приказни што ги раскажуваат големите и мали  езерски далги, коишто секојдневно се сведоци на безброј интересни, но и чудесни случки“…
Шикова Димовска додава дека во расказите читателите- пред сѐ децата читајќи ги, ќе се сретнат не само со тајните од подводниот свет, туку и со приказни за  нивните врсници, за оние што живеат во близина на Езерото и нивните секојдневни авантури. 
Промотор ќе биде м- р Милчо Јованоски а промоцијата ќе има интерактивен карактер. Ученици од ОУ „Св. Климент Охридски“ откако ќе слушнат неколку раскази ќе имаат време да поразговараат со авторката а потоа своите импресии да ги изразат преку цртежи. 
Издавач на книгата е ПНВ Публикации а изданието финансиски е помогнато од Општина Охрид. 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.