Објавен Индексот за безбедноста на новинарите на Западен Балкан

92

Индексот се однесува на 2020 година и се потпира врз истражувачки податоци, собрани и анализирани од партнерите на платформата на новинарски здруженија од Западен Балкан „Safejournalists.net“, врз основа на ригорозна истражувачка процедура. Собраните податоци за неколку различни сфери поврзани со „безбедноста на новинарите“ се изработени во форма на индикатор – Индекс на безбедност на новинарите, со цел преку бројки да се измерат промените во седумте земји од Западен Балкан за минатата година.

Според индексот Република Северна Македонија споредбено со седумте земји од регионот на Западен Балкан покажува подобрување на состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници. Сепак во однос на мерките за превенција во земјата, во индексот наведено е дека продолжува општата политика на неказнивост на напаѓачите кон новинарите. Од тие причини, ЗНМ континуирано инсистира на посебни одделенија во кривичниот суд и обвинителството за зголемување на ефикасноста во заштитата на правата на новинарите. Бројот на напади во споредба со претходната година во 2020 година е зголемен а повеќе од половината се кон жени новинарки.

Референтните вредности за индексот се од оценка 1 (најлошо) до 7 (најдобро) на четири посебни области. Од 7-те земји на Западен Балкан, Република Северна Македонија има средна оцена 3.93, која иако не е висока, сепак земјата ја прави да биде подобра од останатите земји вклучени во процесот.

Во наредните години, подобрувањето или влошувањето на состојбата во сите земји ќе се мери земајќи ја предвид оценката за 2020 година како референтна година. Повеќе детали за теоретската рамка и за процедурата за развивање и пресметка на Индексот, како и сите извештаи за земјите од Западен Балкан може да се најдат на: https://safejournalists.net/safety-index/.

Индексот за безбедноста на новинарите на Западен Балкан е објавен на македонски и англиски јазик.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.