Осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“

27

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“.
Билјана Тодороска – BRILLO, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, Блумен и Арт 2005 и Equilibrium fine arts… се дваесетина „артизанс“, индивидуалци – уметници, кои ќе ги претстават своите најнови уникатни колекции на рачно изработени производи, кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената.
Креативци, со еклектичен накит, уметници, кои не се плашат да експериментираат, храбро концепираат, конструираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку филигранската техника, авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден модерен и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците ќе се претстават и со чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила и со еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело.
Во рамки на базар сo најнови производи за здрава и сјајна коса и нега на телото ќе се претстават и светски познатите брендови: Philips personal care & Нептун, Хај Стор со брендот Dyson, SolisSilver, Keyra Cosmetics – Шпанија и Natura Therapy.
Петдневниот базар ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.