Отворени денови во Стоби за промовирање на новата мобилна апликација Immersium

10

Од 22 до 25 ноември во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби, ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium – интерактивна дигитална алатка која овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава на археолошкиот локалитет. Влезот е слободен за сите заинтересирани и активностите ќе се одвиваат од 8 до 15 часот.
Спасувајќи го императорот Теодосиј (Saving Emperor Theodosius) е приказна преку која ќе се обидеме да го приближиме римскиот град Стоби до неговите посетители. Во улога на посетител на градот, ќе имате можност преку интерактивен водич (кратки игри, квизови, реконструкции) на вашиот мобилен телефон да искусите дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточново 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби. Апликацијата е бесплатна и ќе може да ја користи секој посетител на локалитетот.
Искуствата создадени преку Immersium водат до откривање нераскажани историски и културни приказни со интерактивна содржина, VR и AR, поддржани со аудиовизуелни елементи, гејмификацијa, аватарски карактери итн.
Апликацијата е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балканскиземји: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби – Градско (СевернаМакедонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Северна Македонија), УниверзитетАри стотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија). Проектот е финансиран од Европската комисија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.