Претставување на дигитална мониторинг платформа на УХМР

167

Утре (20 октомври) ќе се одржи конференција за претставување на дигиталната мониторинг платформа на УХМР за квалитетот на површинските води во Македонија.
На настанот ќе говорат претставници на УХМР за тековната состојба на површинските водни тела и за можните решенија за подобрување на квалитетот на водите и ќе бидат презентирани функциите на дигиталната мониторинг платформа.
Дигиталната платформа ќе овозможи да се подобри системот за собирање и трансфер на податоците од мониторингот на УХМР и ќе обезбеди слободен и едноставен пристап на јавноста и инспекциските служби до податоците од системот, без посебни барања и постапки.
Дигиталната мониторинг платформа на УХМР е изработена во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.
Податоците од мониторингот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се од исклучителна важност да се проценат промените што настануваат во реките поради човечките активности, особено со испуштањата на загадувачки материи. Целта на мониторингот е да обезбедува информации за статусот на водните тела, но и да дава податоци за креирање оправдани, одржливи и ефикасни политики за користење и заштита на водите.
Вовед во презентацијата Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии.
Тековната хидролошка состојба на површинските водни тела Атанас Угрински, УХМР.
Квалитетот на површинските води и можните решенија за неговото подобрување
Радмила Бојковска, УХМР.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.