Пензионерите во вторник ќе излезат на протест

501

“Незадоволството од досегашното работење на раководните структури во пензионерската
организација ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот мандатен период. Тоа доведе до формирање Иницијативен одбор и организирање протестот пред седиштето на СЗПМ на 28.03.2023 година- вторник, во 11.00 часот со поставување конкретни барања и спроведување мерки за запирање на ваквиот процес на нечесно работење, на автократско и криминално однесување на поголем број поедици, со злоупотреба на функциите и сомнително трошење на пензионерските пари.
На протестот ќе се прочита платформа со заеднички барања на пензионерите од сите
здруженија во Републиката и ќе се понудат решенија за излез од проблематичната состојба во пензионерската организација.
Ги повикувааме сите најзаинтересирани пензионери со лично присуство да го искажат своето незадоволство и да го поддржат протестот”.
Ваков допис нѝ испратија од Иницијативниот одбор и Ви го пренесуваме во целост.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.