Погледнете го “Полжавче” во среда онлајн

84

Декември е. Време е да се подготвиме за славја и здравици, но и да погледнеме назад и да видиме што сме сработиле во годината што веќе си оди.
Декември е. Снегот ја покри земјата-нашата учителка и хранителка. Но ние знаеме колку е таа важна за нас и токму затоа второто издание на списанието „Полжавче“ ѝ го посветивме нејзе.
Декември е време за дружба, време за да си посакаме убави нешта, да се радуваме на заедничките достигнувања и да си размениме позитивни вибрации кои ќе ни дадат полет и сила за годината што доаѓа.
Затоа ве покануваме на онлајн промоција на списанието за училишните активности на Слоу Фуд Македонија, „Полжавче“ која ќе се случи на платформата ZOOM на 22.12.2021 од 19.00 часот.
Новогодишната магија нека ви започне со нас. „Полжавче“ со новогодишно капче, ве чека на промоција на која ќе се забавуваме, ќе се информираме, ќе учиме и а ќе ги соопштиме и наградите од распишаниот конкурс за литературни творби, ликовни творби и фотографии.
Поканети се сите ученици и ментори кои учествуваа на конкурсот, но и сите учениците и менторите кои едноставно сакаат да бидат присутни на нашата дружба, да се информираат за активностите на Слоу Фуд Македонија, за проектот Слоу Фуд Училишни градини, да добијат и да споделат енергија, искуства и знаења. Секако поканети се и родителите, новинарите, писателите, сите добронамерници, земјољупци и природољупци. „Полжавче“ ве очекува, поканува и најавува организаторот Филип Димкоски.
Учествуваат:
• Филип Димкоски, главен и одговорен уредник на „Полжавче“ и асистент на проектот Слоу Фуд Училишни градини
• Василка Стефановска, координатор на проектот Слоу Фуд Училишни градини
• Владимир Здравески, сликар и дизајнер, селектор за ликовниот конкурс
• Вера Андон, поетеса, селектор за литературниот конкурс
• Горан Трсунов, дизајнер и фотограф, технички уредник на „Полжавче“, селектор за конкурсот за фотографии, и уште неколку специјални гости
Настанот се реализира онлајн и може да го проследите на социјалните мрежи Facebook и YouTube, или директно со вклучување на линкот на ZOOM платформата:
Meeting ID: 863 0255 2755
Passcode: 639425
Ова издание на „Полжавче“, списание за училишните активности на Слоу Фуд Македонија е реализирано во рамки на проектот „Зелен полигон за едукација, алатка за јакнење на еколошката свест“ кој го реализира Слоу Фуд Водно, Скопје финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.