Политикологот проф. д-р Илбер Села и писателот Фејзи Бојко, добитници на награди „22 Ноември“

93

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2021 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија,
1. За остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, наградата им се доделува на: проф. д-р Илбер Села, политиколог и на Фејзи Бојко, писател.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 22 ноември 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија. Претседател на Одборот, проф. д-р Етем Азири

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.