Поп пејачот Роберт Вукелиќ спасил човек од напад со нож

224

Скопје, 24 ноември 2021

Во време кога сме изложени на разни опасности, секој треба постојано да внимава на себе и на другите околу себе. Хуманоста и укажувањето на помош не смее да изостане. Тоа вечерва се потврди и во сведочењето на поп пејачот Роберт Вукелиќ, кој на својот фејсбук профил објави што доживеал и како се справил со ситуацијата. Спасил човек од напад со нож.

-Пријатели вечерва бев сведок на напад од страна на млад човек со нож кон постара личност на велосипед, за среќа се помина добро. Целата ова драма се случуваше во населбата Маџари кон Хиподром, пред пругата на автобуската станица . Како што возев само видов како некој трча кон велосипедот и скока над човекот да го совлада, веднаш застанав со автомобилот насреде улица и се стрчав кон момчето, кое почна да бега, а човекот преплашен цел беше збунет, бидејќи ова првпат му се случуваше, буквално како од филм . Па морав со него да одам до местото каде требаше да пристигне и треба да работи трета смена, објаснува пејачот.

Тој понатаму во својата објава апелира:

-Би ги замолил #МВР Министерство за внатрешни работи да си преземат мерки за да не се повтори ова зло, за среќа бев присутен во вистински момент, и реагирав, овој пат. Ве молам внимавајте движете се по осветлени улици и патеки и слични вакви напади или пријавете или делувајте за да помогнете зошто сите имаме фамилии и пријатели.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.