Продолжен е рокот за поднесување на пријавите на Годишните конкурси

Продолжен рокот за поднесување на пријавите на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година

Министерството за култура, со Одлука бр. 08-12751/1, го продолжува рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за електронско поднесување на пријавите се продолжува до 11.11.2021 година, до 12 часот.

Продолжувањето на рокот е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите нас е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен.

Имено, Министерството за култура од годинава за првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на Годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државава и во Скопје. Од почетокот на Конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.