Почетна ЖИВОТ Хортикултура Разубавите го вашиот балкон со ВРБЕНА едно е најубавите пролетни...

Разубавите го вашиот балкон со ВРБЕНА едно е најубавите пролетни цвеќиња

4446

Вербената (лат. Verbena officinalis) е цвеќе на кое едноставно не можете да останете рамнодушни. Тие се едни од поубавите балконски цвеќиња. Водат потекло од Јужна Америка. Цвета рано напролет, па сѐ до есен (октомври), а не бара некоја посебна нега. Најубаво изгледа засадена во некоја убава жардиниера.

Кај нас се одгледува како едногодишно растение, значи се сее секоја година, а во некои предели, каде дозволуваат климатските услови, се одгледува како перена. Може да нарасне до 30 cm, а цветовите може да бидат виолетови, розеви, црвени, бели, сини, па дури и во боја на кајсија. Меѓу многубројните видови, најпогодни за балконско одгледување се оние со висина од 20-25 cm, кои растат нагоре, влекачи или малку висечки. Погодни се за одгледување во висечки саксии. Најпознат вид по својот мирис е Verbena platensis.

Многу е лесна за одгледување, практично, ќе си предизвикате проблем доколку премногу се грижите за не, т.е. доколку претерате со залевање или додавање на ѓубриво.
Во јуни треба да ја подрежете, за да предизвикате дополнително разгранување, а гранките не треба да бидат подолги од 80 cm. Прецветаните цветови мора да ги отстранете, во спротивност врбената ќе престане да цвета.

Исто така, треба да ја наѓубрете, меѓутоа доволно е само еднаш во сезоната. Направете го тоа напролет, откако ќе нарасне до 10 cm висина. Редовно залевајте ја после садењето, меѓутоа откако добро ќе се вкорени, не претерувајте премногу со залевање, туку додајте малку вода само кога ќе остане сува. Преферира сончеви позиции, а добро поднесува топли и ветровити предели, а почвата треба да е растресита. Се сади на растојание 20-25 см една од друга.

Се размножува со семе од крајот на февруари до април, со температура на почвата од 18-20°С. Семето се сее во саксија, а кога ќе нарасне, треба да ја расадете во градината или жардиниера во средината на мај. Младите растенија треба да се држат на полусеновити места.
Освен што е позната како декоративно балконско цвеќе, вербената е лековита билка од која се прави чај кој се користи во традиционалната медицина. Чајот од вербена се употребува против несоница, нервоза, анксиозност и го зајакнува имунитетот. Се препорачува на доилките, бидејќи ја подобрува лактацијата, а ја подобрува и функцијата на црниот дроб.

Доколку ги следете нашите препораки и совети за одгледување на вербената, тогаш ќе имате здраво растение, со преубави цветови.

АВТОР

Зоран Ордев

 

metropolis-big