Сензорна соба и во ООУ „Круме Кепески” во Кисела Вода

25

Од четврток, 02.02.2023 година, ООУ „Круме Кепески”- Скопје (Кисела Вода) ќе има на располагање сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема.
Оваа активност е спроведена како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската Унија и претставува уште една активност во насока на подобрување на инклузивноста на основните училишта во државата.
Отворањето на оваа сензорна соба е закажано за четврток, 02.02.2023 година во 11 часот и каде потврдено присуство имаат: градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и други претставници од општината, директорот на училиштето ООУ „Круме Кепески”, Павлина Трипуновска, претставници од Фондацијата „Чекор по чекор”, претставници од Здружението „Хандимак” и претставници од Здружението „Инклузива” кои го спроведуваат проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.