Слоу Фуд Македонија го издаде и промовираше првото издание на „Слоу Фуд гостилници 2021“, водич со препорачани места каде добро се јаде низ Македонија.
Целта со водичот е да се промовира и поттикне развојот на македонската гастрономија на едно повисоко ниво и да се охрабрат избраните гостилници особено денес кога работата во отежнати услови. Визијата на Слоу Фуд Македонија е да се даде насока и рамка за развојот на модерната гастрономија креирана на основа на квалитетните производи и гастрономските традиции, која го рефлектира македонскиот идентитет и ќе ги нагласи карактеристиките на секој регион.
Зошто „ Слоу Фуд гостилници“?
Затоа што ја пресликуваат традицијата и ги применуваат принципите на современата кујна, го почитуваат старото што го сервираат во новото, правејќи вкусна симбиоза од минатото и иднината.
Водичот го претставува гурманското богатство на 17 интересни гостилници во нашата земја, што ја промовираат регионалната кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет. Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино… ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија поради сонцето, гостопримството, амбиентот и, пред сè, вкусната храна, навистина добро се јаде.
Како ќе препознаете Слоу Фуд гостилница?
Знак на распознавање е црвеното полжавче што се наоѓа на вратите на локалите, а тоа потврдува дека потеклото на храната е локално, висококвалитетно и произведено од малите фармери и занаетчии. Полжавчето ќе ви биде патоказ кон местата каде што добро се јаде и добро се пие, дека токму таму има мени-претставник на локалната кујна што обезбедува одличен квалитет и фер цени во менито.
Водичот е изпечатен во 500 копии, кои ќе се дистрибуираат до владини институции, медиуми, туристички оператори, странски организации и амбасади, сите кои во иднина би дале поддршка на развојот на производството и продажбата на висококвалитетна и автентична занаетчиски произведена храна, а особено на угостителскиот сектор кој треба да ја финализира и раскаже приказната за македонската гастрономија.
Водичот е подготвен со поддршка на регионалниот проект „Поддршка на економската диверзификацијата на руралните области во Југоисточна Европа (СЕДРА)“ финансиран од Федералното министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusam menarbeit (GIZ) и Regional Rural Development Standing Working Group in SEE (SWG RRD).
Слоу Фуд гостилници 2021 – водич низ автентичната македонска гастрономија
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.