ТРАДИЦИИ: За Свети Јован во Кривени се прераскажува

2459

Еден од најголемите христијански празници Свети Јован, 20 јануари, традиционално се празнува во преспанското село Кривени. Стара традиција за тој ден останала да се пали оган во дворот на селската црква Свети Ѓоргија, каде се собираат сите жители на селото.
Наутро сите жители, кои сега се само околу дваесетина, одат прво да запалат свеќа за здравје, а потоа домаќините кој го имаат крстот и тие шо го земаат, честат топла ракија.
Потоа сите кумови старите и новите, за здравје се капат во реката. Потоа се оди во селскиот дом, каде што има музика. Во рамките на целокупната сензација која ја прават жителите за овој празник, највпечатливо е “бричењето на суво” на стариот и новиот кум, кое повеќе се изведува како ритуален момент за забава отколку како духовен чин. Сето тоа се комбинира со играње ора и пеење песни и хитови, во сечскиот дом.
По некое време славениците, Кривенци, повторно се враќаат во црквата, се почнува со продавање (лицитација) на работите, подароците, кои се донесени за здравје од луѓето, а парите се оставаат во црквата или за селото. Потоа се служи ручек за сите Кривенци.
“До година побројни” е нивната молитва, која се однесува на тоа сите да се здрави и живи и да има и новороденчиња, ни раскажа Даниел Наумовски.

Кривенци важат за добри и чесни луѓе и домаќини. Иннаку во селото по многу години, во 2021 се роди и се крштеваше Мила, најмалиот жител на Кривени. Жителите главно се отселени но за празникот доаѓаат на родното огниште.
Оваа година еден од кумовите, е Божидар Божиновски, познатиот писател, сценарист и инфлуенсер на социјалните мрежи. Годинава славјето беше поддржано и од ресенчанецот Борче Ластун, кој живее во Малме.
Иако се дваесеттина, но се толку ажурни и посветено што сите новости од нивниот живот ги објавуваат на активната ФБ група КРИВЕНИ МАКЕДОНИЈА.


***

Википедија:
Кривени- село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.
Селото Кривени се наоѓа на околу 5,6 километри (воздушна линија, сметано од средиштата на населените места) северно од Ресен, длабоко вовлечено во една од пазувите на планината Бигла и од сите страна опкружена со нејзините истурени разграноци. Соседни села се Лева Река (на северозапад; 2,5 км) од северозапад, Смилево (на исток; 7,6 км), Златари (на југоисток; 4,1 км) и Јанковец (на југ; 3,5 км), Избишта (на запад; 1,8 км).
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кривени живееле 450 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („Ла Мацéдоине ет са Популатион Цхрéтиенне“) во 1905 година во Кривени имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.
Во 2002 година во селото живееле 27 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 14 Македонци и 1 останат.
Родови во селото се: Божиновци, Бочкаровци, Бојковци, Волчевци, Ѓуровци, Иловци, Јоцковци, Коловчевци, Кузаревци, Карадаковци, Лабачевци, Митановци, Милошевци, Мицковци, Мазевци, Недановци, Несторовци, Настевци, Наумовци, Писовци, Перевци, Павловци, Ризмановци, Рунчевци, Радевци, Секуловци, Старчевци, Стојановци, Салабашовци, Тодоровци, Трпевци, Талушевци и Танѕуровци.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Староседелци: Божиновци со Грујовци (30 к.), Трпчевци со Бојковци и Павлевци (39 к.), Митановци со Милошовци (10 к.), Бочкаровци со Коловци, Јоцковци и Писовци (11 к.), Велковци (7 к.) и Несторовци со Сургуновци и Ѓуровци (3 к.)
Доселеници: Козаревци и Здравевци (2 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Гроздановци (1 к.) доселени се од селото Бела Црква (Долна или Горна, или пак во прилепско).

Личности
Геро Ресенски – македонски војвода
Бише – ресенски војвода на ВМОРО во почетокот на 1903 година
Крсте Стојанов (1880 – 1905) – македонски издавач
Стефан Лазов – војвода на четата на село Перово во Илинденското востание
Димитар Талев Кипревски — македонски револуционер од ВМОРО.
Павле Настов Кузмановски — македонски револуционер од ВМОРО.
Стефан Лазаров Груевски — македонски револуционер од ВМОРО.
Сотир Лазов Груевски — македонски револуционер од ВМОРО.
Панде Димитров Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.
Сотир Јанков Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.
Тасе Мицев Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.
Ноне Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.
Тодор Стефанов Бојковски — македонски револуционер од ВМОРО.
Ефто Наумов Павлов — македонски револуционер од ВМОРО.
Нанчо Гошев Петковски — македонски револуционер од ВМОРО.
Панде Божиновски – учесник во Шпанската граѓанска војна. Бил во 11-та бригада – баталјон „Линколн“.
Михаил Бочкаровски (Калија) – Чарли (1895 – 1938), учесник во Шпанската граѓанска војна
***
Стари иселеници до 1949 година има во Бугарија (шест семејства), Аргентина (три семејства), Северна Америка (дваесет семејства), Австралија (четири семејства), Србија (едно семејство), Ресен (две семејства), Демир Капија (едно семејство) и во Битола (четири семејства).

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.