Успешно завршен едномесечниот предизвик „Запознајте ја Шведска“

84

Во текот на месец ноемрви 2021 година беше одржан уредувачкиот едномесечен предизвик за членовите на Вики Клубовите во Македонија, кои имаа задача да пишуваат нови статии поврзани со културата, историјата, географијата и знаменитостите за Кралството Шведска.
„Запознајте ја Шведска“ беше во организација на ГЛАМ МАКЕДОНИЈА и во соработка со амбасадата на Кралството Шведска.
„На наше големо задоволство беа создадени дури 670 статии од 57 млади уредувачи на Вики Клубовите, голема благодарност до сите нив“ – изјави Снежана Штрковска, претседателка на здружението на граѓани на ГЛАМ МАКЕДОНИЈА.
Предизвикот беше со цел да се намали недостатокот на статии со шведски теми на Википедија на македонски јазик. Денес, Википедија на македонски јазик е побогата со 670 статии за Шведска. Според жири комисијата од вкупно 670 статии на Википедија, првите 5 наградени уценици се: Марко.К со 95 статии и освоени 921 поени, Петар Барса со 175 статии и освоени 394 поени, Костовска со 104 статии и 369 поени, Ирена Милојевиќ со 11 статии и освоени 261 поени. Наградите и дипломите беа свечено доделени во рамки на шведската прослава на Св. Луција, од страна на амбасадорката г-ѓа Кристин Форцгрен Бенгтсон, настан што се одржа на 13 декември, во просториите на Македонската опера и балет.
-Секако продолжуваме со интерсни активности и настани и во 2022 година и се надеваме на уште поголем интерес и вклученост на сите учесници во Вики Клубовите- додаде Снежана.
Инаку, ова е 4 уредувачки предизвик од ваков тип, а досега беа одржани: Запознајте ја Унгарија, Запознајте ја Германија и Запознајте ја Русија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.