ВИДЕО: На Петровден во Паркот на Поезијата- Рецитал за Македонија!

90

Петровден, обоен во боите на цвеќињата, преку цртежи, и во боите на Македонија, преку рецитации на треперливи стихови, беше тоа на денешниот настан во Паркот на Поезијата во Капиштец.
Цветиновите цветни цртежи растеперени на благото летно ветерче, кои го разнесува и поетскиот збор, беа визуелно-говорна порака од и за Македонија.

Поетското читање во чест на Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе. Ѓе., самиот тој го направи поетски празник, со рецитации наизуст на свои стихови, но и од Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Блаже Конески, Алекса Шантиќ, руски автори, и други поетски легенди. А со свои, и рецитации од Петре М. Андреевски се надоврзаа и нашите врвни поети Горан Анчевски, Мендо Димовски, поетесите Викторија Велева и Гордана Каракашевска, а сиот настан го збогати и присуството на шаховскиот шампион Димитар Илиевски и уметникот Игор Митриќески…


Со чисто срце и поетска душа, собрани го одбележивме Петровден со мировни пораки и го обоивме Цветиновото цвеќе со поезија, рече поетесата Велева.
Ќе се памети како хумана, златоуста, добронамерна, топла, мирољубива средба, полна со љубов за човекот, за народите, за Македонија, и пошироко.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.