Како може да се продаде или купи небо и топлина на Земјата? Такво нешто нам ни е сосема туѓо. Ние не сме сопственици на свежината на воздухот и бистрината на водата. Тогаш како би можеле да ги продадеме? Секое делче од оваа земја е свет на мојот народ. Секоја блескава игличка на борот, секое зрно песок на речното острво, измаглицата во темнината на шумата, тие се свети во мисиите и во животот на мојот народ.
Соковите во дрвјата се проткаени со сеќавања на црвениот човек. Кога мртвите бледолики ќе заминат на прошетка меѓу ѕвездите, ја забораваат земјата која им го даде животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат прекрасната земја, бидејќи таа е мајка на црвениот човек.
Ние сме дел од земјата и таа е дел од нас. Миризливите треви ни се сестри. Еленот, пастувот, големиот орел-ни се браќа. Камените врвовои, сочните пасишта топлото тело на мустангот и човекот-сѐ припаѓа на исто семејство. Кога Великиот поглавица од Вашингтон испраќа глас дека сака да ја купи нашата земја-премногу бара од нас. Големиот поглавица порачува дека ќе ни биде татко-ние нему деца. Ќе ја проучиме таа понуда за откуп на нашата земја. Меѓутоа тоа нема да биде лесно. Оваа земја нам ни е света. Оваа блескава вода што тече по брзите пооци и реките, не е само вода, туку крв на нашите дедовци. Ако ви ја продадеме земјата, мора да знаете дека оваа вода е свеа, дека секој одраз во бистрото езеро раскажува за настаните и спомените од животот на мојот народ. Шумолењето на водата е глас на таткото на мојот татко. Реките се нашите браќа-ни ја гаснат жеда. Реките ги носат нашите кануи, ни ги хранат децата. Ако ви ја продададеме оваа земја морате да паметите и да ги учите своите деца дека е реките наши, но и ваши браќа. Затоа, на реките мроате да им дарувате добрина каква што би му дариле на брат.
Знаеме дека белиот човек нас не нѐ рзбира. Нему секој де од земјата му е ист како и било кој друг дел. Тој е туѓинец што доаѓа ноќе и одзема од земјата сѐ што му треба, земјата не му е брат, туку-непријател. Кога ќе ја пороби тој тргнува понатаму. Зад себе ги остава гробовите на своите татковци и не се грижи за тоа. На цвоите деца им ја одзема земјата и пак не се грижи. Гробовите на неговите татквоци и земјата што деца му раѓа остануваат заборавени. Кон мајакта земја, кон братот-небо се однесува како кон стока или блескав наките. Неговата алчност ќе ја уништи земјтата и зад себе ќе остави само пустош.
Не знам. Нашиот начин на живот се разликува од вашиот. Од погледот на вашите градови, црвениот човек го заболуваат очите. Тоа е можеби затоа што црвениот човек е див и не ги разбира работите. Во градовие на белиот човек нема мирно катче. Нема места каде може да се слушне разлистување на дрвјата во пролет и трепетот на крилјата на мушичката. Вревата ми ги навредува ушите. Колку чини животот на човекот ако не може да го слушне крикот на козорогот или ноќната кавга на жабите во мучуриштата. Јас сум црвен човек и не разбирам многу. Индијанецот го сака звукот на ветерот кога се поигрува со површината на мочуриштето И мирисот на ветрецот освежен од попладневниот дожд, или мирисот на боровината.
Најголемо богатство на црвениот човек е воздухот. Се што е живо го дели истито здив-животното, дрвото и човекот. На сите им е потребен тој здив. Белиот човек какко да не го забележува воздухот што го вдишува. Како некој кој е на умирање па не ја чувствува смрдеата. Ако ви ја продадеме земјата, ќе мора да паметите дека воздухот ни е скапоцен., дека воздухот го дели својот здив со сиот живот кој го одржува. Ветрот што на мојот дедо му го даде првиот здив ќе го преземе и неговото последно издивнување. Ако ви ја продадеме земјата ќе морате да ја чувате како нешто свето, како место на кое ќе може белиот човек да вдишува ветер засладен со мирис на полско цвеќе.
Ќе ја разгледаме вашата понуда за оркуп на земјата. Ако се согласиме, ќе бараме да фо исполните овој услов: белиот човек ќе мора да се днесува кон животните од овој крај како кон свои браќа. Ди сум и не разбирам поинаков живот. По прериите сум видел илјадници бизони кои белиот човек ги уби, пукајчи од забревраниот „огнен коњ“. Див сум и не разбирам, како железниот коњ од кој извира чад, може да биде поважен од живиот бизон, кого ние го убиваме само кога треба да преживееме. Што е човекот без животно Кога би ги снемало животните, човекот би умрел од голема осаменост на духот. Што и да им се случи на животните, набрзо истото ќе го снајде и човекот. Во светот се е поврзано.
Ќе морате да ги учите вашите деца дека под нивните нозе е пепелта на дедовци. За да ја почитуваат земјата, ќе им кажете дека таа е богата со живот на нашите предци. Ќе морате да ги учите своите деца, исто како што ние ги учиме нашите, дека земјата ни е мајка. Што ќе ја снајде земјата, ќе ги снајде и незјините деца. Плука ли човекот на земјата, плука на самиот себе. Земјата не му припаѓа на човекот-човекот ѝ припаѓа на земјата. Тоа добро го знаеме. Сѐ е во мешусебна врска како што е семејството со крв соединето. Сѐ е поврзано. Не е човекот создател на развитокот на животот. Тој е само една нишка. Што че стори со развитокот, ќе стори и со себе. Дури ни белиот човек чиј господ зборува со него како пријател со пријател, нема да избега од заедничката судбина. Можеби сме сепак браќа. Ќевидиме.
Едно знам сигурно,а тоа е дека белиот човек ќе мора еднаш да разбере: нашииот Гопсод е истиот Господ. Можеби билите дека него можете да го присвоите како што се подготвувате да ја земете цела наша земја. Не, нема да успеете. Тој е Господ на лужето и неговата милост е еднаква и за црвениот и за белиот човек. Оваа земја нему му е сѐ. Ако ја обесвестите тоа е исто како да сте го презеле нејзиниот создател. Белиот човек ќе го снема. Можеби и пред останатите племиња. Го валкате самите своето легло и една ноќ ќе се удавите во сосптвениот измет. Во своето настојување ќе горите во огнот на Господ кој ве доведе овде и со некоја необјаснива намера ви даде власт над оваа земја и црвениот човек. Таква судбина нам ни се чини бедба. Не разбирам зошто се отепува бизон? Зошто се скротуваат диви коњи? Зошто во длабочината на шумата има толку човечка смрдеа? Зошто е погледот на зелените брегови испокинат со жици што зборуваат? Каде се елените?
Ги нема веќе. Каде е орелот? Одлета. На вистинскотоживеење му дојде крајот. Почнува борбата за опстанок.
(писмово е објавено наместо поговор на книгата „За животната средина“ од м-р Јелена Димитриевиќ, објавена во 1993 година од Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје)