Христиан Ангел Јовановски е прогласен за најмладиот Амбасадор на мирот и му е доделена Цветинова награда за мир

200

 

На 31 ви Мај 2024 година во Скопје, 14-годишниот Христиан Ангел Јовановски е прогласен за Амбасадор на мирот и му е доделена Цветинова награда за мир. Господинот Живко Поповски – Цветин кој да доделува оваа награда кажа дека до сега Христиан е најмладиот добитник на оваа награда.

Неодамна Христиан доби и една од четриесете честитки на кој има примерок од писмото што хуманиската Мајка Тереза му го испрати на Господинот Цветин каде што го замолува да ја шири пораката за мир.

Христиан Ангел Јовановски е роден на 11 февруари 2010 година во Мелбурн Австралија. Пред две – три години со неговите родители Љупчо и Оливера Јовановски се доселија во Скопје родниот град на неговиот татко кој по професија е Академски музичар.

Христиан кога дојде од Австралија добро го познаваше, говореше и пишуваше македонскиот јазик затоа што таму посетуваше двојазично булингал училиште. Тоа му помогна да се вклопи во училишната средина и е многу ценет и сакан од неговите другари и наставници. Како и во Австралија така и овде покажува одличен успех во училиштето но негова пасија е спортот. Од пет годишна возраст тренира неколку спортови, пливање, акидо вештини но тенисиот му е посебно драг а Христиан се недава дека тој спорт ќе е дел од неговиот живот. Затоа пет дена неделно тренира тенис по два сати во ден. Пралелно со спортот и училишните обврски Христиан веќе осум годии го изучува и Кинескиот јазик така што оваа година се пријави на кинески натпревар каде што постигна врвни резултати. Неодавна беше учесник и на поетската манифестацијат ,,Книжевен круг“ каде што пред присутните и пред Кинескиот Амбасадор читаше класична кинеска поезија. Амбасадорот беше пријатно изненаден од ова младо момче со кое може да зборува на кинески без присуство на тумач. Тоа потврдува дека Христиан добро го владее кинескиот, англискиот, македонскиот јазик а ги разбира и српскиот и хрватскиот јазик. Сето ова се учи во училиште со многу, многу, труд кој го вложи Христиан, така и секое друго дете може да го постигне ова ниво, но тоа што Христиан го прави посебен е неговиот хуманитарен дух.

Како осумгодишно момче на една средба во градинката ,,Детско Царство“ во Скопје со дете дијагностицирано со синдромот Аутизам, Христиан со солзи на очите ѝ кажа на неговата мајка: ,,Мамо многу ми е жал за детенцето што е на моја возраст а сѐ уште треба да оди во градинка затоа што државата неможе да најде училиште да го згрижи. Јас кога ќе пораснам сакам да станам добар спориста или да бидам научник за да заработувам добо да можам да им помагам на овие деца“– беа зборовите што ги кажа малото дете а го распараа срцето на неговата мајка Оливера која е реномирана поетеса а по професија е Бизнис Менаџер. Од тој ден кога Христијан ги кажа тие зборови долго време во Оливера тлееше искрата за желбата на Христијан. Конечно во Мај оваа година се реализира иницијативата на Христијан се регистрира ,,Хуманитарно здружение за поддршка на деца со попречености и деца од социјално загрозени семејства – ЈУНИКОРН 2024 Скопје“.

Како врвен хуманитарец Господин Живко Поповски – Цветин ја препозна искрата што сјаје во очите на Христиан дека тој ќе ги следи неговите траси и трасите што мајка Тереза ги зацрта, да се помога да нема гладни и да се шири пораката за мир.

Иако Христан многу сака да чекори по стапките на неговиот татко кој е врвен музичар и пеач сепак чекори по стапките на мајка му затоа што Бог му подарил талент за пишување поезија а досега е закитен со следниве награди:

На 11 Мај 2024 во Битола, Христиан ја доби наградата ,,Оскар“ и ,,Супспецијална награда плакета“ на поетската манифестација ,,Битолски Вознес 2024“ доделена од фондацијата Такец и организаторката Гордана Такец.

Минатата година Христиан беше добитник на Гран При награда за поезија за деца на конкурсот ,,Сплоти се“ организиран од Тв Сонце Скопје.

Неколку пати е награден на анонимен поетски конкурс организиран од друштвото ,,Григор Прличев“ од Сиднеј Австралија.

Валентина Ѓоргиевска Парго

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.