„Креираме заедно за подобра комуникација“ – креативна работилница

22

На 4 ноември тимот на СмартАп спроведува креативна работилница под насловот „Креираме заедно за подобра комуникација“, наменета за едукатори, родители и деца.
Целта на оваа работилница е да се детектираат предизвиците со кои децата се соочуваат при секојдневната комуникација.
-Вие како родители и едукатори ја имате најважната улога во растот и развојот на своите деца и ученици. Ефективната комуникација со нивните пријатели/врсници им помага да изградат висока самодоверба и чувство на припадност и солидарност, без анксиозност.
Затоа, ве повикуваме да се пријавите за да бидете дел од нашата работилница и со своето искуство и знаење да придонесете кон полесно детектирање на комуникациските предизвици на децата. Член на нашиот тим ќе направи селекција и ќе оствари контакт со селектираните личности за понатамошни информации, најави организаторот.

04.11.2023 (сабота)

Време:

10.00-13.00 часот работа со едукатори;

12.00 – 14.00 часот работа со родители и деца.

Локација: Public Room (Ресторан „Јавна соба“), 50-та Дивизија бр.22, Скопје

Линк за пријава за учество на работилницата

Оваа активност се организира од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје во партнерство со Детската фондација Песталоци.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.