Меѓаши промовира “Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата”

19

Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, во четврток на 11 април 2024 година, во хотел „Континентал”, од 10 часот ќе промовира Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата.
На овој настан модератор ќе биде Јана Николовска- ученичка во СУГС “Орце Николов” и волонтерка во ПДАС МЕЃАШИ.
Во првата сесија ќе се зборува за “Поставување на заеднички принципи, вредности и заеднички пристап во развојот на превенцијата од појава на насилство во училиштата”.
Говорници:  Драги Змијанац- претседател и основач на Прва детска амбасада во светот “Меѓаши”, Моника Илиоска- Кантарџиоска, раководителка на програми во Коалиција за младински организации, СЕГА и Софија Георгиевска, авторка на Водичот.  
Темата на втората сесија е “Концептот на вмрежување и разбирање на потребите на учениците во создавањето безбедна училишна средина”.
Говорници:  Вероника Петрова, ученичка во СУГС “Георги Димитров”, Катерина З. Попова, родител  и Светлана Аспровска- Тодоровиќ, училишен психолог во СУГС „Георги Димитров” .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.