Наместо со ирваси, Дедо Мраз со тротинет по цел свет

74

Наместо со ирваси и санка, Дедо Мраз, минатиот викенд, пристигна со електричен тротинет пред платото на Народниот театар, каде го пречекаа голем број дечиња и родители. Во исчекувањето на омилениот лик на дечињата, најмалите гевгеличани имаа можност да се дружат и со Баба Мразица, која пристигна многу порано со неговата вреќа. И за да биде уште помагично, предновогодишната забава беше збогатена со новогодишни песнички во изведба на познатото „Трио Џентламен“.
Како што велат од Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, имено и организатори на овој настан, насловен „Пееме со Дедо Мраз“, саботата била прекрасен ден за дочек на најсреќниот дедо за секое дете – Дедо Мраз. Оваа година, Дом на култура „Македонија“ заедно со „Трио Џентлмен“, за прв пат, пред платото на Народниот театар, во прекрасен амбиент ги дочекаа Дедо Мраз и Баба Мразица. Баба Мразица го надмудри Дедо Мраз и дошла порано со неговата вреќа, а тој пак ги изненади сите и наместо со ирваси и санка пристигна со електричен тротинет.
Додека „Трио Џентлмен“ ја забавуваа прекрасната публика со прекрасни новогодишни песни, Дедо Мраз и Баба Мразица делеа подароци и се сликаа со сите дечиња кои беа присутни

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.