Почетна ЖИВОТ За генерациите што растат Утре, воздухопловно- едукативен саем на Школка

Утре, воздухопловно- едукативен саем на Школка

Во сабота, на 30.10.2021, со почеток од 11 часот, во Градскиот Парк во Скопје, на локацијата Школка, за прв пат ќе се одржи воздухопловно-едукативен саем за млади и ентузијасти заинтересирани за воздухопловство.
Настанот ќе биде место каде професионалци од различни сфери на авијацијата ќе бидат достапни за младите и ентузијастите да постават прашања со цел да им се олесни патот доколку се одлучат некоја од воздухопловните гранки да стане нивна професија.
Младите ќе можат да дознаат и за воздухопловните едукативни центри во регионот како и за постапките за стекнување професионални дозволи.

Skopje Air Fair е настан во организација на АВИКОН, Здружение за подобро воздухопловство, а поддржано од Град Скопје.

Повеќе детали за настанот и здружението АВИКОН можете да најдете на веб страницата www.avicon.mk

metropolis-big