Започнува проектот “Секое дете со својата автентичност”

29

Општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија започнува со имплементација на проетот: „Секое дете со својата автентичност“. За таа цел, во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија беше одржана прес-конференција, на која беше презентиран проектот од страна на претставници на Црвен крст- Гевгелија и стручни соработници од општината, Ружица Икономова и Мери Кузманова, кои преку проектот ќе работат со децата во областа на специјалната едукација, рехабилитација и психологија.

На прес- конференцијата, излагање имаше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој истакна дека без двоумење дал поддршка за имплементација на проектот, сметајќи дека од него ќе имаат корист многу деца и родители, имајќи ги предвид прекумерното користење на ИТ- технологијата и неговото влијание врз развојот на децата.

Всушност, со проектот се предвидуваат бесплатни сервисни услуги- едукативни и интерактивни работилници за помош и поддршка на родителите и нивните деца во периодот на раниот развој и пред тргнување во училиште.

Најнапред, ќе се организира информативна трибина, а сите заинтересирани родители, чии деца имаат потреба од ваквата нова услуга, да се пријават во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.