Заштедете ја својата енергија -Совети како да го сторите тоа

243

Енергијата е двигател на телото. Доколку енергијата згасне ,згаснуваат желбата и волјата за промени и чекор напред.

Постојат тајни потрошувачи на човековата енергија кои ја умртвуваат позитивата.

1.Внесувањето на големо количество храна.

-Динамичното темпо ретко дозволува да се избере што се внесува во уста. Прејадувањето е токсично за телото и умот.

2. Прикривањето на емоциите

-Емоциите се душата на енергијата. Прикривањето на емоциите е токсично за енергијата. Среќа, тага, бес, осаменост се само дел од емоциите кои можат да се изразат низ вентилот на уметноста, спортот и секаков вид креативност.

3.Едноличното темпо на живот

-Водењето на едноличен живот е како нрадец на монети. Ден по ден, месез за месец и градината на енергијата ќе пресуши. Воведувањето на ново хоби, патување или било каква промена повторно ќе роди капка енергија во секојдневието.

4.Гледањето на долгометражни серии

-Лежењето во удобен кревет, гурмански зачинето со омилената храна и гледање на серија звучи релаксирачки но не доколку тоа трае со денови и мссеци. Долгочасовното гледање во големиот екран го исклучува мозокот од реалноста и не му дозволува да размислува. Оваа состпјба предизвикува неволност и негативен став кон животот.

5. Проветреноста на просторијата и облеката

-Свежиот воздух во собата и облеката додаваат дополнително количество енергија. Оавежувачите за простор не се доволни да ја надоместат количината на надворешен воздух.

Пишува

Даниела Ангелова

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.