Збогум Марина Туцаковиќ, жената која ги напиша најубавите хитови

285

Најпознатата српска авторка, текстописец, Марина Туцаковиќ ја загуби битката по сериозна болест на 67 -годишна возраст.  На почетокот на 2018 година, и беше дијагностициран малигнен тумор на дојката, по што наскоро беше оперирана На 14 септември,годинава, ја ставија респиратор, беше позитивна на корона вирусот.

Родена на 4 ноември 1953 година во Белград,дипломирала на Економскиот факултет во Белград.
На возраст од деветнаесет години, таа почнува да пишува текстови за песни, главно поп, а подоцна и турбо -фолк жанр – многу од тие денес се балкански и светски хитови.
Ја започна својата кариера соработувајќи со групата “Зана” , за која го напиша хитот „Додирни ми колена“, објавен во 1982 година, и веднаш стана хит.

 

Напиша текстови и за Тоше Проески и при нашата средба во хотел “Хајат” во Белград во 2006 година, ми рече – “Се уште не е роден текстописец кој ќе напише текст за Тоше”.
Потписнички е на текстови на хитови на Џеј, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Цеца, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, групата Зана, Тоше Проески, Жељко Самарџиќ, Аца Лукас, Саша Матиќ …

 

 

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.