Ако летатe преку океанот и дојдете во САД -Дестинации за посета

1017

Во САД туристичките дестинации навистина се исклучително бројни и сигурно е многу тешко изборот да се сведе на само неколку.

Во продолжение ви даваме неколку идеи што да посетите ,според сајтot www.still.co.uk.

Големиот Кањон

Ова е извонредна туристичка атракција на САД. Погледите од врвовите на карпите се прекрасни, а реката Колорадо се извива низ кањонот, а некои од нејзините брзаци се честа дестинација за љубителите на рафтинг.

Белата куќа, Вашингтон

Зградата е изградена помеѓу 1792 и 1800 година, а првиот претседател кој живеел во неа е Џон Адамс. Туристичките групи кои влегуваат внатре се ограничени до шест луѓе.

Национален парк Денали, Аљаска

Таму се наоѓа планината Мекинли, која е највисока во САД. Зборот „Денали“ значи „највисокиот“. Во националниот парк живеат многу мечки, елени, елен, волци и многу други видови.

Делницата „The Strip“, Лас Вегас

Тврдината на казина и коцкање се наоѓа на површина, а некогаш била пустина, но денес е исклучително динамичен и популарен град во државата Невада. Во делницата „The Strip“ се концентрирани исклучително голем дел од казината и некои од најлуксузните хотели во земјата.

 Флорида Кис

Тоа е околу 200-километарска делница која се состои од тропски острови и бројни мостови. Користена е во многу филмови.

 Килауеа

Овој вулкан се наоѓа на Хаваите. За разлика од другите вулкани, овој е на нивото на земјата и е еден од најактивните на планетата. Ерупцијата е 33 пати само од 1952 година наваму, а последното ерупција започнува на 3 јануари 1983 година и се уште продолжува.

Нијагарините водопади

Најпознатиот водопад во светот се наоѓа на границата меѓу САД и Канада. Се состои од три одделни водопади. Близу 14 милиони туристи доаѓаат да го видат прекрасниот водопад секоја година.

 Мостот „Голден Гејт“, Сан Франциско

Кога е изграден во 1937 година, мостот стана најголем во светот. Денес тој е симбол на градот. Бојата на мостот не е случајно избран – оваацрвено-портокалова боја се забележува лесно во маглата.

 Јелоустоун

Границите на паркот се наведени уште во 1872 година и така Јелоустоун станува првиот национален парк на САД. Во паркот има повеќе од 10,000 гејзери и геотермални извори. Покрај нив таму можете да видите и гризли мечки, елени, бафало, волци и други видови.

Менхетен, Њујорк

Менхетен често е првата асоцијација на луѓето, кога ќе слушнат за Њујорк. Во овој космополитски кварт е концентриран голем дел од облакодерите на градот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.