Во белгискиот град Антверпен, во тек е изложбата на македонскиот уметник Киро Урдин

35

Во белгискиот град Антверпен- „ Црниот пантер“, е една од најстарите галерии и овие денов е  домакин на изложба  со дела од македонскиот уметник кој долго живее во Франција, Киро Урдин.

Изложбата на Урдин вклучува околу 150 дела, од кои 118 работени во мал формат  и во маслена техника, 12 во техниката акварел и 20 други слики во среден формат.

Киро Урдин  ги изработел сликите за време на 14-месечната изолација, наметната од пандемијата со коронавирус . Делата се посветени на луѓето од целиот свет и со нив сликарот оддава почит кон човечката сила што се справува со здравствената криза, во која голем број луѓе го загубија животот.

Инаку импозантно место зазема сликата „Табула раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, а изработена во маслена техника.

Како дел од  изложбата која публиката ќе може да ја види до 10 април, ќе бидат претставени и документарен филм и книга, со наслов „Табула раза“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.