ЗОО СКОПЈЕ- НЕ БЕВ ВО АФРИКА А ВИДОВ НИЛСКИ КОЊ

93

 

 Зоолошката градина Скопје, денеска со Eдукативен час и проекција на филмот “Мадагаскар” го одбележа 15. Февруари-  Светскиот ден на Нилскиот коњ.

Покрај живеалиштето на Буцо, Нилскиот коњ, жител на ЗОО Скопје, кој е роден во оваа Зоолошка градина, присуствува ученици од трето одделение од ОУ “Димитар Миладинов“ од Скопје со нивните наставнички.

 

Билјана Дрнкова, зоонеговател која се грижи за благосостојбата на Буцо, после воведното презентирање, на заинтересираните ученици им одговараше на поставените прашања. По едукативниот час, децата имаа можност да уживаат во проекција на филмот “Мадагаскар“  во Едукативниот центар 2.

 

Овој настан е дел од едукативната програма на ЗОО Скопје и Светскиот календар за одбележување на деновите на  дивите животни.

Од вчера ЗОО  има и “Љубовно катче“ во аголот кај Папагалите Розеколис  т.н. Love birds.

Во програмата за месец февруари претстои одржување на Работилница со наслов “Пишуваме статии за дивите животни“ , која во Едукативниот центар заедно со Глам – Википедија на македонски јазик ќе се одржи на 24-ти, со учениците од Вики Клубот на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Скопје.

 

Со почетокот на пролетните месеци, со едукативни, забавни и информативни содржини, ЗОО Скопје ќе ја анимира најборјната посетителска публика и сите оние кои сакаат да поминат квалитетно време со жителите на Градината

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.