Почетна КУЛТУРА Литература ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИ-Тема на Конференција во декември

ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИ-Тема на Конференција во декември

22

ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

Почитувани, На 20.12.2022 година со почеток во 11 часот ќе започне и ќе се одржи онлајн Конференција на тема: ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИ И НЕГОВАТА КРЕАТИВНА И ЕДУКАТИВНА УЛОГА И ФУНКЦИЈА ВО ВОСПИТУВАЊЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО.

Конференцијата ќе биде составена од три дела: воведен дел – со настап на универзитетски професори, дебатен дел – со настап на сите заинтересирани дискутанти, манифестационен дел – со настап на сите автори – поети и писатели.

 

Конференцијата ќе трае два часа од 11 до 13 часот. Сите заинтересирани за учество и настап ги молиме да се пријават (најдоцна до 15.11.2022 година) на следниов мејл: [email protected] и да ги испратат своите песни, раскази и текстови со кои ќе настапат (една песна до 30 стиха, еден расказ од најмногу една страница или еден текст од најмногу една страница), а сите прилози ќе бидат дел од дигиталното издание кое ќе биде подготвено по одржувањето на Конференцијата. Организатор на онлајн – Конференцијата е Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ – Скопје.

metropolis-big