Почетна ЖИВОТ За генерациите што растат Соработката со медиумите можност за актуелизирање на состојбите на младите

Соработката со медиумите можност за актуелизирање на состојбите на младите

22

Младински Сојуз, организација за млади е партнер организација во проектот „Employyouth for Western Balakan and Turkey“ чија цел е да обезбеди поголемо вклучување на младите во економската, политичката и социјалната димензија на овој дел од Европа. Во претходните 4 години, во рамките на проектот беше креиран „Индексот на младинско учество“, единствен метод за мерење на нивото на можност на младите да се вклучат во процесот на одлучување. Според наодите, Индексот укажува дека еден од најголемите предизвици во сите земји е поврзан со економската димензија, прашањето за вработување на млади луѓе. Од друга страна, анализата укажува дека недоволно и неконзистентно се собираат податоци за младите од ранливите групи, што дополнително ја влошува нивната позиција на пазарот на трудот, како и дека повеќето од овие земји имаат високи стапки на НЕЕТ млади – млад човек кој е „ не е во образование, вработување или обука“.

На следниот линк можете да го најдете последниот индекс:

https://youthwbt.eu/youth-participation-index-2021/? fbclid=IwAR0XHP5QuwSAQ_EmZsfZDeOAkJLHSkTkwzHbFihnRsOuaM2yfiO4d4p-uMU .

Имено, сметаме е дека соработката со медиумите за актуелизација на младинските прашања особено на предизвиците за вработување е супер важна, и со таа цел организираме обука за медиуми и претставници на младински организации „Градење на двонасочна комуникација – Информации и податоци за млади, како ги комуницираме?“ која ќе се одржи во Скопје од 16 – 18.02.2022 во хотел “Queens”во ТЦ Зебра во Капиштец. Сите патни трошоци и трошоци за сместување и храна ќе бидат покриени. Целта на обуката е да се зајакне соработката меѓу младите, младинските организации и медиумите и да се креира стратегија за заедничко делување и комуникација. Оттука обуката ќе вклучи 10 преставници на медиумите и 10 претставници на младинските организации.

Во прилог можете да ја најдете финалната агенда на настанот. Ве молиме за споделување на повикот со вашите колеги и сите заинтересирани можат да се пријават преку мејл на следната адреса: [email protected] За сите дополнителни прашања ви стојам на располагање и слободно можете да ме барате на 078305251.

Агенда:

file:///C:/Users/pc1/Downloads/%D0%A4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0- D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0_%D0%9C%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B3.pdf

 

 

metropolis-big