1. јуни Меѓународен ден на детето -Добротворен Базар на Амбасадите во Македонија

2004

2019 Добредојде Македонија – Welcome Centre  во соработка со Амбасадите во Република Македонија и оваа година ќе го одржат Традиционалниот добротворен  базар 2019, по повод 1 јуни – Меѓународниот ден на детето.

Овој Базар ги обединува сите меѓународни  институции и граѓани во Македонија. Собраните средства се наменети за подршка на загрозените групи деца во државата а оваа година ќе се даде подршка на Дневниот центар за деца со целебрална парализа. Почесен претседател на годинешниот Базар е  Г-дин Мирослав Томан, Амбасадор на Чешката Репубика во Македонија.
Ќе учествуваат сите Амбасади во Скопје со свои штандови и своја програма. Инаку официјално Базарот ќе трае од 11 до 15 часот.

Италијанската Амбасада во Скопје ќе учествува со свој штанд на традиционалниот добротворен базар во организација на Добредојде Македонија. На италијанскиот штанд ќе можете да најдете домашни солени и слатки италијански специјалитети, подготвени специјално за оваа прилика од вработените во Амбасадата и нивните семејства, а нашите спонзори донираа италијански производи кои ќе можете да ги купите по промотивни цени. Меѓу другото: детска гардероба марка Benetton, артикли за домот и за кујната марка Bormioli Rocco и Coin Casa, тестенини Divella и многу други. Доколку на 1 јуни не сте во Скопје, сепак со купување на билет од традиционалната лотарија имате можност да дадете свој придонес за овогодинешната добротворна мисија, а притоа имате можност да станете среќни добитници на вредни награди во вид на стоки, вредносни ваучери и патувања. Еден билет чини 100 денари а количината билети по еден учесник е неограничена.

Сабота, 1 јуни од 11 до 15 часот, Градски Трговски центар-Скопје, сите Амбасади во Република Македонија заедно ќе го одбележат Меѓународниот ден на децата со добротворен традиционален Базар.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.