149 години од раѓањето на Гоце Делчев -Македонија денеска го одбележува овој значаен датум

    261

    Во Македонија денеска се одбележуваат 149 години од раѓањето на револуционерот и визионер, Гоце Делчев. По тој повод, на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе биде одржана панихида, а повеќе делегации ќе положат цвеќе. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

    Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во Солунската гимназија и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

    Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Делчев се смета за еден од најистакнатите дејци на македонското револуционерно движење.

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.